Курсеви за основци

Времетраење на курсот:
8 месеци, односно 32 недели или 64 наставни часови. За една учебна година од 16 септември до 1 јуни се завршува еден степен.
Одвивање на наставата:
Два пати неделно по 60 минути, во работни денови.

temp-course-03

Наставната програма одлично ги комбинира активното користење на англискиот и германскиот јазик преку разновидни живописни теми од секојдневието. Таа е целосно прилагодена за возраста на учениците и подразбира индивидуален пристап и работа со секое дете. Прецизно конципираните јазични единици, како граматичката структура и зборовниот фонд, овозможуваат постепено надградување на сите четири вештини потребни за слушателот да почне да го користи странскиот јазик – читање, пишување, слушање и зборување. Темите се внимателно избрани да ги мотивираат учениците и да создаваат позитивна атмосфера за учење – јазикот се учи на интуитивен, природен и забавен начин. Наставните планови исто така одат во прилог на зголемување на успехот во училиште.

Програмата се реализира во мали групи (3-10 ученици) со цел секој ученик да го добие потребното внимание. Овој број ученици е идеален за развивање динамика во разговорот и игрите, а истовремено ни овозможува да посветиме внимание на напредокот и усвојувањето на јазикот кај секое дете посебно.

Дополнителни материјали вклучени во наставата:

Календар на работни недели 2013-14

Преглед на наставни недели во учебната 2013/2014 година:

Месец Датум (од-до) Наставна недела
септември 16 – 22 септември23 септември – 29 октомври 12
октомври 30 септември – 6 октомври7 – 13 октомври14 – 20 октомври21 – 27 октомври 3456
ноември 28 октомври – 3 ноември4 – 10 ноември11 – 17 ноември18 – 24 ноември 78910
декември 25 ноември – 1 декември2 – 8 декември9 – 15 декември16 – 22 декември 11121314

Зимски Распуст

од 23 декември до 26 јануари

Месец Датум (од-до) Наставна недела
февруари 27 јануари – 2 февруари3 – 9 февруари10 – 16 февруари17 – 23 февруари 15161718
март 24 февруари – 2 март3 – 9 март10 – 16 март17 – 23 март

24 – 30 март

19202122

23

април 31 март – 6 април7 – 13 април14 – 20 април21 – 27 април 24252627
мај 28 април – 4 мај5 – 11 мај12 – 18 мај19 – 25 мај

26 – 1 јуни

28293031

32

jуни

Доделување Дипломи

Првата недела од јуни