Подготовка за меѓународни испити

IELTS

IELTS, односно Меѓународниот систем за тестирање по англиски јазик (International English language testing system), e водечки светски тест за познавање на англискиот јазик, со преку 1,7 милиони полагања минатата година. * Преземено од веб страницата на Британски совет во Македонија.

Повеќе »

TOEFL

TOEFL iBT е меѓународен тест кој е потребен за влез во повеќе од 8.000 колеџи и институции во 130 земји вклучувајќи ги скоро сите универзитети во САД, Обединетото Кралство на Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд, Канада и други земји.

Повеќе »

First Certificate in English (FCE)

Еф-си-и (FCE) е најчесто полаганиот испит од сите испити на Кембриџ ЕСОЛ. Тој претставува испитување на високо-средно ниво за кое се потребни сите јазични вештини. Еф-си-и е широко признаен во трговијата и индустријата, како на пример кога станува збор за контакти со јавноста или административна работа во банкарството, воздухопловството, угостителството, како и на одредени факултети, универзитети и други институции. Овој испит најчесто се полага по приближно 500 до 600 часови подготовка и соодветствува на јазичното ниво Б2 од Советот на Европа. * Преземено од веб страницата на Британски совет во Македонија.

Повеќе »

Start Deutsch 1

Start Deutsch 1 е јазичен испит изработен од Гете институтот на ниво А1 од Заедничката европска рамка. Со подготвителниот курс се предвидува кандидатите да стекнат основно познавање од германскиот јазик, а потоа да се подготват за полагање на испитот кој се состои од четири дела: слушање, зборување, читање и пишување.

Повеќе »

TestDaF (Deutsch als Fremdsprache)

TestDaF е централен, стандардизиран тест за германски како странски јазик кој ги опфаќа нивоата Ц1 и Ц2 од Заедничката европска рамка за јазици. TestDaF ги оценува лингвистичките способности на кандидатите во контекст на академска средина и е предвиден за јазичните изучувачи со повисока јазична компетенција. Тој се применува ширум светот и тоа првенствено за студенти кои сакаат да студираат во Германија, за престој на високообразовни институции во Германија, и за сите оние на кои им треба доказ за познавање на германскиот јазик.

Повеќе »

Испити по англиски јазик за деца (YLE)

Испитите по англиски јазик за деца (YLE) се внимателно дизајнирани за оценување на најмладите кандидати (на возраст од 7 до 12 години). Тие помагаат да се постигне напредок при изучувањето на англискиот јазик кај децата и ги поттикнуваат децата да продолжат со изучувањето на истиот преку низа внимателно избрани задачи, со примена на најсовремени наставни методи. * Преземено од веб страницата на Британски совет во Македонија.

Повеќе »